еМагазин
Image default
Убава приказна

Запознајте го младиот уметник Дејан Мачуков

Дејан Мачуков е роден 23.07.1994 година во Скопје.

Моментално живее и работи како професор по ликовна уметност во средно училиште во Богданци, Македонија.

Во 2017 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсек сликарство со графички дизајн во класата на ред. проф. Благоја Маневски.

Има учевстувано на многубројни групни студенски изложби и остварено неколку самостојни изложби во Македонија.

Тој е апстрактен-експресионистички сликар кој моментално работи на неговата серија насловена “Топлина”.

„Oваа тема има за цел да се презентира едно истражување на нашите сетила односно наше гледање на нештата кои се присутни во природата без разлика на тоа како изгледаат во реалноста.

Целото наше знаење започнува со сетилата, потоа продолжува до разбирање и завршува со разум. Не постои ништо поголемо од разумот.

Не вреди да се барат материјалните богатства во животот додека не се откријат тие од природата. Природата како инспирација и како енергија која е извор на нешто потсвесно, на нешто длабоко најдено..

Онаа топлина која не е како во буквална смисла на зборот, туку како нешто свето, духовно односно како посебен дар од природата.

Во еден момент преку бојата го откривам нејзиниот јазик (нежното шепотење на бистрите реки и различните испреплетени песни на птиците), а од друга страна се ставам себеси како една машина за преработка на тие емоции кои поминуваат преку мене додека сум присутен и сум како дел од неа, вечно да ги заробам на моето платно да станат сведоци на моето постоење„, објаснува Мачуков.

Можете да го следите на Инстаграм, instagram.com/machukov.d.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 42 нови стипендии

Редакција

(Галерија) Новиот шопинг-мол во „Ист гејт“ ќе биде отворен во 2020 година: Ќе биде поголем од Сити мол и со многу нови брендови

Редакција

Винарија Камник со нов производ: Првото македонско 100% Carménère

Редакција