еМагазин
Image default
Македонија

Затворската казна на екс судијата Владимир Панчевски намалена за една година

Затворската казна на поранешниот судија Владимир Панчевски е намалена за една година, објави телевизијата Телма.

Апелациониот суд Скопје ја прифатил неговата жалба и ја намалил затворската казна од три и пол на две и пол години.

Сега пресудата е правосилна па Панчевски ќе треба да се јави на извршување на казната.

Осуден е бидејќи во периодот од 2013 до 2016 година, како претседател на Кривичниот суд, рачно доделувал предмети кај подобни судии, а не преку АКМИС системот. Распределил околу 40 предмети, меѓу кои и два случаи на Специјалното јавно обвинителство.

Фото: Академик

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казни за 747 лица за неносење маски

Редакција

Уште 30 дена притвор за Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец

Редакција

Следува период на променливо облачно и потопло време

Редакција