еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Завршена обдукцијата и идентификацијата на настраданите во пожарот во Тетово

На Институтот за судска медицина завршена е обдукцијата на телата донесени од Тетово, по пожарот што во вторникот ја изгоре модуларната болница во која се лекуваа болни од Ковид-19.

– Со помош на ДНК анализи идентификувани се телата на 14-мина коишто настрадаа во пожарот, а извршена е обдукција и на помлада пациентка, чие што тело дополнително е донесено во Институтот за судска медицина, потврдил за Дојче веле директорот на Институтот, Александар Станков.

Во текот на денот се очекува телата да им бидат предадени на семејствата на починатите.

Станков вели дека обдукцијата поминала со примена на најпрофесионалните стандарди, и со посебни ковид протоколи и заштита, поради специфичните околности во кои се работи за време на пандемијата.

– Најспецифично за време на обдукцијата беше тоа што станува збор за болни од Ковид-19, за коишто мора да се применуваат посебни протоколи и мерки за заштита. Но, ние во такви околности работиме веќе две години, истакна Станков.

Идентификацијата на телата е извршена со помош на роднините на починатите, МВР и Одделот за потраги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопруга на пациент и ќерка на пациентка помеѓу загинатите во ковид-центарот во Тетово, Обвинителство со детали за истрагата за пожарот

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

22 биле вакцинирани: Вкупно 351 лица повторно се заразиле со Ковид-19

Редакција

Сите заедно за Леонид да може повторно да застане на нозе и да ги повторува успесите на NASA Space Apps Challenge

Редакција

Доктор Пановски: После втора доза на „АстраЗенека“ не се забележани несакани реакции

Редакција