Бизнис 3х3 Баскет е турнир кој во овие 3 месеци им донесе многу повеќе од очекуваното на неговите 196 пријавени учесници.
20 екипи во 13 кола постигнаа повеќе од 5.000 поени. Покрај тоа, тие ја имаа можноста и да го развијат својот тимски дух, но и да запознаат нови лица и стекнат одлични пријателства.
Идејата за Бизнис 3х3 Баскет е природна и потекнува од една едноставна желба – „Да излеземе од работа и да се дружиме“. За сите вклучени ова беше одлична можност во студените месеци да играат во сигурна и топла средина во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Тие се вратија во игра во турнирот кој е од рекреативно натпреварувачки карактер.
За играч на месецот беше прогласен Бојан Борисовски од SolutionAde, а први на табелата се Атлантик Група со 26 бода. Втори се SolutionAde со 25 бода и трети АД Пивара Скопје со 24 бода.
Остануваат уште многу натпревари и атмосферата е загреана. Сите се заинтересирани за наградите и за успех како тим, што е и целта на Бизнис 3х3 Баскет.
Организаторот во петок ќе одржи и уникатно All Star дружење исполнето со празничен дух кој дополнително ќе ги зближи сите учесници.
Главни подржувачи на турнирот се Парк хотел и спа, Неотел и СЦ „Јане Сандански“
Повеќе информации за Спортплан и Бизнис 3×3 Баскет може да се најдат на: biznisbasket.mk и facebook.com/sportplan.mk.
ПРОМОТИВНА ОБЈАВА