еМагазин
Image default
Македонија

Завршува кампањата за референдумот за името, од полноќ предреферендумски молк

Јавната пропаганда за референдумот за името што ќе се одржи во недела завршува вечерва на полноќ. Дотогаш треба да завршат сите активности на учесниците во кампањата.

Референдумот ќе го следат рекорден број домашни и странски набљудувачи.

Официјалната бројка од Државната изборна комисија (ДИК) на акредитирани домашни набљудувачи е 11.907, на странските набљудувачи е 493, а меѓународните организации акредитирале и 194 преведувачи.

Покрај домашни, референдумот ќе го следат и странски новинари.

На последното изјаснување на граѓаните на Македонија – Локалните избори на 15 октомври лани, беа акредитирани 5.011 домашни и 337 странски набљудувачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски смета оти австрискиот амбасадор не ни се меша во внатрешните работи

Редакција

Детален преглед: Најмногу починати во Куманово, а најмногу заболени од коронавирусот во Скопје

Редакција

(Фото) Матичните лекари со протест побараа повеќе пари и помали казни

Редакција