еМагазин
Image default
Бизнис

Здравствените услуги ќе ги користат и осигурениците кои имаат долг за неплатен придонес и оние кои не се осигурани

Во рамки на 36. седница, Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за здравствено осигурување за време на вонредна состојба, според која, на осигурениците на кои им се ускратени правата од задолжителното здравствено осигурување поради нередовно уплатуван придонес или уплатата на придонесот задоцнила повеќе од 60 дена, односно имаат долг за неплатен придонес, можат во здравствените установи да користат здравствени услуги поврзани со дијагностицирање и лекување од коронавирусот Ковид-19 на товар на средствата на Фондот за здравствено осигурување.

Оваа Уредба за лекување од Ковид-19 на товар на Фондот, се однесува и на државјаните кои не се задолжително здравствено осигурани по ниту еден основ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата го ограничи извозот на заштитни маски: Прво доволно количини за дома, потоа за надвор

Владата ги укина паушалите, патните и материјалните трошоци за извршните членови на Одборите на директори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 1 март граѓаните ќе можаат да плаќаат сметки во „Македонска пошта“ со пониски провизии

Редакција

Митко Јанчев и Советот на Општината Кавадрци против барањето на ИГМ да гради цинкара

Редакција

Бислимоски: Над 200.000 броила се во домовите на граѓаните, воведувањето на евтина тарифа во време на пандемија е невозможно

Редакција