еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Здружението на правници Роми ќе биде на располагање на жртвите од „Јавна соба“

Здружението на правници Роми одлучи доброволно и без никаков паричен надомест, да ги стави на располагање своите правни ресусни капацитети во интерес на жртвите од случајот Јавна Соба.

Здружението информира дека оваа одлука доаѓа по објавената сторија на една од жртвите на „Јавна Соба„, во која девојка одлучи јавно да зборува за нејзиниот случај на онлајн злоупотреба и со тоа да помогне да се подигне свеста на јавноста за овој проблем.

-Јавно ги повикуваме сите жртви на „Јавна Соба„, вклучително и жртвата која јавно истапи во врска со нејзиниот случај на злоупотреба, бесплатно да ни се обратат за правен совет и поддршка за пријавување на постапките пред надлежните институции, стои во соопштението.

Како што потенцираат отттаму, целта на оваа одлука е да обезбедат целосно уживање на правата на жртвите и правна заштита.

-Во интерес на јавното добро, организација доброволно и целосно бесплатно се става во правна функција на жртвите од „Јавна Соба“.

Информации за контакт се [email protected] или Facebook страна – Roma Lawyers Association, порачуваат од здружението.

Инаку, здружението на правници Роми е независна непрофитна асоцијација формирана во 2015 година и го застапуваат правниот интерес на ромската заедница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Психологот Ана Попризова понуди помош за жртвите на „Јавна соба“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Спасовски, Тасевски и Маричиќ ги бодреа македонските фудбалери на натпреварот со Словенија од трибина

Редакција

Патнички воз излета од пруга кај Лакавица, нема повредени

Редакција

Десет месеци ниту трага, ниту глас од исчезнатата Марија Брзакова од струмичко

Редакција