Земјотрес со интензитет од 3,1 степени според Рихтеровата скала бил почувствуван денеска, во 10 часот и 14 минути од жителите на Охрид и околините општини.
Земјотресот потекнува од епицентрално подрачје Охрид-Струга, на 89 километри југозападно од Скопје, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 10 часот и 14 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3,1, а беше почувствуван од населението во Охрид и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала и од населението во Ресен, Струга, Вевчани и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, велат од Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ.