Во последните денови се зголемува бројот на позитивни случаи и активни болни со тешка клиничка слика во Делчево.
Како што информираше директорката на делчевскиот здравствен дом „Гоце Делчев“, Марија Глигоровска, само во текот на денешниот ден тројца пациенти се пренесени во клиничка болница Штип, што според неа потсетува на периодот од минатата година, кога пациенти од Делчево ги преполнија болниците во околните градови.
– Денеска имаме тројца пациенти кои се во многу лоша состојба. И сега се повторува истата состојба од минатата година. Короната ги напаѓа сите органи, но најмногу напаѓа на белите дробови и во однос на денешните пет случаи кои ги сликавме на рендген, тројца пациенти имаме со лоша рендгенолошка и клиничка слика, истакна Глигоровска.
Директорката на делчевскиот здравствен дома апелираше да продолжи масовната вакцинација и со тоа да се намалат штетните последици од вирусот, кој според неа се е поочигледно е дека повторно ќе нападне во текот на есента.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од Ковид-19 во Гостивар починаа две лица, 68 пациенти на кислородна подршка
Најмногу во Тетово и Гостивар: Околу 700 хоспитализирани поради компликации од Ковид-19
МИА/Фото: МЗ