еМагазин
Image default
Бизнис

Зголемен бројот на угостители кои не ги почитуваат протоколите за работа, засилени контроли за празниците

Бројот на угостителски објекти кои не ги почитувале протоколите за работа во изминатиата недела се зголемил за 50 проценти во однос на неделата пред тоа. Од инспекторатите најавуваат за новогодишните празници засилени контроли и неселективно постапување.

-На ден сме пред новогодишната ноќ и ја користам приликата да апелирам граѓаните да ги почитуваат мерките, да празнуваме одговорно во кругот на семејството, да се воздржиме од големи прослави и да нема гурпирање.

Надлежните инспекциски служби во текот на новогодишните празници ќе спроведуваат интензивни контроли на терен со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштити здравјето на граѓаните, рече на прес-конференција денеска претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашковска.

Таа соопшти дека во перидот од 21 до 27 декември бројот на затворени угостителски објекти е зголемен во споредба со периодот од 14 до 20 декемри за 50 проценти.

-Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат од 21 до 27 декември спроведоа 3.864 контроли и 462 надзори поврзани со почитување на протоколите за работа на кафетерии и угостителиски објект, но и по други материјални закони.

При спроведените надзори изречени се 32 прекршочни пријави, 62 решенија за констатираните неправилности и 43 прекршочни платни налози.

Од вкупниот број решенија 13 се поради непочитување на Законот за заштита на население и протокол за работа на угостителски објекти и тоа за седум во Скопје и по два угостителски објекта во Гостивар, Тетово и Струга, рече Филиповска-Грашковска.

Како што додаде, во сите овие угостителски објекти не се почитувало работното време или ограничувањето на четири лица на едно масса, на сите е изречена забрана за вршење дејност и затворени се на лице место, а се изрекуваат и прекршочни платни налози.

Потенцира дека инспекторите ќе спроведуваат контроли и во текот на новогодишната ноќ со цел да се спречи ширењето на вирусот. Инспекторите ќе постапуваат по пријава или добиено сознание за собири и доколку се утврди дека има организиран настан ќе се преземат соодветни мерки.

Се заблагодари на оние кои ги почитуваат протоколите и мерките за заштита, но се уште, како што рече, за жал има лица кои оваа ситуација не ја сфаќаат сериозно и преку себични постапки го загрозуваат јавното здравје и извести дека инспекторите ќе проодолжат со чести контроли и неселективно ќе ги санкционираат оние кои не ги почитуваат.

Истовремено ги замоли совесните граѓаи да ги пријават оние кои не почитуваат.

Во периодот од 21 до 27 декември сите инспекторати извршиле 5.200 надзори и контроли.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат извршил 112 надзори и изречени се осум решенија, а издал и решенија за изолација за 6.576 лица, што се за една четвртина помалку од претходната недела.

Кај транспортниот иснпекторат не се констатирани прекршувања, односно непочитување на протоколите за превоз, МАЛМЕД извршиле 21 надзор на аптеки и веледрогери и издадени се две решенија согласно законот за лекови и медицински помагала.

Инспекторатот за труд изрекол 9 решенија и 11 прекршочни платни налози, девет прекршочни платни налози за неносење заштитна маска на работно место.

Агецијата за храна и ветеринарство имала 290 надзори и издадени се 8 решенија, 10 едукации и 2 прекршочни платни налози, а Државниот инспекторат за животна средина спровел 41 надзор и за констатираните неправилности донесени се три решенија со задолжување на подобрување на работата на субјектите.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкава плата лани имал Светозар Јаневски и менаџментот на Тиквеш

Редакција

„Standard and Poor’s“: Успешно решение за името би било „бинго“ за Македонија

Редакција

„Адора Инженеринг“ повторно ја зголеми сопственоста во Комерцијална банка

Редакција