еМагазин
Image default
Локално

По 10 месеци без прегледи, жените од Општината Шуто Оризари ќе добијат гинеколог

На вчерашната средба, министерот за здравство Венко Филипче и гинекологот Божидар Бошковски дискутираа околу отворањето на ординацијата, со цел жените од оваа општина да ја имаат потребната и неопходна здравствена услуга.

Локацијата за ординацијата е најдена, а на средбата беше договорено ресорното министерство да ја опреми ординацијата, информираат од Министерството за здравство.

„Сите жени од Шуто Оризари сега ќе имаат гинеколог, кој ќе се грижи за нивното здравје. Д-р Бошковски е искусен гинеколог кој ќе им биде на располагање на сите пациентки од оваа општина. Проблемот со недостатокот на гинеколог во Шуто Оризари го решивме.

Најважното е тоа што пациентките ќе можат навремено да ги извршуваат своите гинеколошки прегледи. Продолжуваме и понатаму да водиме грижа и вистинска здравствена политика за сите пациенти“, потенцираше министерот Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Измама: На скопјанка и зеле 10.000 евра лажејќи ја дека ќерка и прегазила девојче

Редакција

Се запали автобус на граничниот премин „Табановце“

Редакција

Приведени 33 танчерки во пет објекти во Тетово и Гостивар

Редакција