еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Жените од Шуто Оризари конечно добија матичен гинеколог

После многу години, 20.000 жени од општина Шуто Оризари добиваат матичен гинеколог.

Министерството за здравство набави и опреми специјалистика оринација со што се решава овој голем проблем со кој се соочуваа жените од оваа општина, посочи министерот Венко Филипче, кој присуствуваше на отворањето на гинеколошката ординацијата.

„Ние направивме сериозни напори изминатите неколку месеци, од страна на Министерството за здравство набавивме посебна специјалистичка опрема во вредност од 39.000 евра.

Таа гинеколошка ординација е целосно опремена според најсовремените стандарди со посебен стол, одредени апарати во делот на клопоскопија, најсовремен ехо апарат,“ рече Филипче.

Министерот посочи дека изминатиов период заедно со граѓанските организации, активни во општината, сите жени од Општината добивале помош во делот на советувања, соодветна терапија, во делот на упатувањата кон соодветни специјалисти.

По долги години, сега жените нема да бараат здравствени услуги во други здравствени установи.

„Гинекологот што го најдовме се согласи да регистрира своја ПЗУ и практично овде да ја оформи својата ординација заедно со медицинската сестра која е практично во оваа населба.

Уште една поликлиника која веќе го зема под закуп просторот за матични лекари, поликлиниката се пријави, има два дополнителни тимови кои ќе бидат матични лекари и кои ќе може да им бидат на располагање на сите жители од оваа населба.

Значи, се заокружува еден сериозен процес на олеснување на пристапот кон здравствена заштита на сите жители коишто живеат во оваа населба,“ рече Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дуна го скрати работното време за новите мајки

Редакција

НЛБ Банка со две промотивни кампањи од 01.11.2018 година

Редакција

Корона кризата лани го зголеми бројот на домашни туристи во Маврово за шест, а во Берово за 29 проценти

Редакција