Поранешниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Живко Митревски денеска на прес-конференција соопшти дека Вишиот управен суд ја уважил неговата жалба.
Тој очекува Централниот регистар да ја спроведе одлуката на судот и да го впише како легитимен претседател на ССМ.
„Се покажа дека правдата во Република Македонија функционира“, рече Митревски на прес-конференцијата.
Митревски во 2017 година беше заменет од актуелниот претседател на ССМ, Дарко Димовски.
Димовски вели дека слободно може да се спроведе одлуката на Вишиот управен суд на која денеска се повика поранешниот претседател на ССМ, Живко Митревски.
„Слободно нека ја спроведат пресудата на судот, но таа вели – да се врати назад на разгледување жалбата на Живко Митревски во Второстепената комисија. Никаде во пресудата не пишува Живко Митревски да се врати како претседател на ССМ“, истакнува Димовски.
Повеќе детали, Димовски најавува за утре.
МИА