еМагазин
Image default
Македонија

ЗНМ: Судот ја одби тужбата на Апасиев против новинари на А1он

Во Основниот Кривичен суд во Скопје денеска беше објавена пресудата со која се ослободуваат од обвинение новинарите Мери Јордановска и Предраг Петровиќ од „А1он“.

Оваа пресуда следи по претходно доставената приватна тужба на пратеникот и лидер на политичката партија „Левица“, Димитар Апасиев, кој ги тужеше новинарите за „неовластено објавување на лични записи“ според член 148 од Кривичниот закон, информираат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

Од ЗНМ појаснуваат дека на постапката, која траела речиси една година, тужителот не се појавил лично ниту еднаш на рочиште, а новинарите повеќе пати биле присутни на рочишта во судот каде ја застапувале својата одбрана.

-По објавата на пресудата, колешката Мери Јордановска изјави: „Државните функционери мора да сфатат дека функцијата ја вршат 24/7 и се поподложни на јавна критика, без разлика дали одговораат на електронска пошта, смс порака, службен или приватен телефон.

И кога ние како новинари ги бараме, ги бараме во име на јавноста, за работи кои се од јавен интерес, па оттаму не смее да се воспоставува практика на воведување страв и цензура, се вели во соопштението од ЗНМ.Со оваа пресуда, велат од Здружението, се потврдува ставот на новинарите дека не станува збор за објава на личен запис, туку за информација која е од јавен интерес, како и тоа дека новинарските прашања кон Апасиев, во дадениов случај, се легитимни и вредни за вниманието на јавноста.-Во одбраната на новинарите се истакнува праксата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) според која границите на јавна критика се пошироки за носителите на јавни функции, отколку за приватни лица и тие потребно е да имаат поголем праг на критика, нагласуваат од ЗНМ.Од здружението на новинари на Македонија велат и дека ваквите тужби во контекст на Советот на Европа се познати како стратешки тужби за спречување на јавно учество (SLAPP). Овој вид на тужби, нагласуваат од ЗНМ, служат да се предизвика заплашување и правни трошоци или едноставно исцрпување на тужените, во случајов на критични новинари со цел да се демотивираат или да се откажат од јавна критика.

-Овие тужби, посебно кога се иницирани од политичари и носители на јавни функции, можат да предизвикаат самоцензура кај новинарите, а со тоа да се наруши правото на информирање на граѓаните, се потенцира во соопштението од Здружението на новинари на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Титаник“ презакажан за 23 ноември: СЈО бара на Груевски да му се суди во отсуство

Редакција

Рускиот комичар Кузнецов за Алфа открива како дошле до телефонскиот број на Заев

Редакција

МВР регистрира четири инциденти на гласањето, апелира на воздржаност од нарушување на јавниот ред и мир

Редакција