еМагазин
Image default
Македонија

МВР регистрира четири инциденти на гласањето, апелира на воздржаност од нарушување на јавниот ред и мир

Од отворањето на гласачките места досега се регистрирани вкупно четири инциденти, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Како што рече на прес-конференција, на гласачкото место во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром К.Ж. (22) навредувал граѓани и физички нападнал полициски службеници поради што е приведен во полициската станица.

– Осумдесетгодишен маж од Зубовце, Гостиварско, пријавил дека бил навредуван во врска со референдумот од 64-годишната С.М.. Таа е повикана во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

Во Струга, пак, пријавено е фотографирање со мобилен телефон од тераса на зграда близу избирачкото место во ОУ „Браќа Миладиновци“ на улицата „Јован Стефаноски – Риле“. Веднаш се преземени мерки и лицата се однесени во полициската станица, истакна Ангеловски.

Според него, четвртиот инцидент е на гласачкото место во ОУ „Ванче Прќе“ во Штип. Б.О. пријавил дека при достава на храна на избирачкиот одбор бил фотографиран и навредуван од Е.С. Е.С е во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

– Ги повикуваме граѓаните да ги почитуваат законите и да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир и на тајноста на гласањето. Секое спротивно однесување на законите МВР нема да го толерира за да обезбеди непречено и мирно гласање, апелира портпаролот Ангеловски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов протест на ВМРО-ДПМНЕ во сабота

Редакција

Собранието ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд

Редакција

Мицкоски: Ќе му кажам на крајот од дуелот на Заев што мислам за бојкотот

Редакција