еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Антокорупциска утврди дека Христовски ги исполнува условите за директор на АНБ

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) констатира дека нема основа за постапување по пријавата за судир на интереси и корупција при именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.

На денешната седница, ДКСК утврди дека Христовски ги исполнува условите за именување според Законот за АНБ, но истакна дека нема надлежност за директна експертиза на дел од документите.

Членот на ДКСК, Цвета Ристовска изјави дека исполнет е условот за државјанство на државава, условот да нема државјанство на друга држава, како и условот за положени испити.

„Врз основа на сомнежите за валидноста на приложените документи, ДКСК постапувајќи по своите надлежности побара вонреден инспекциски надзор од Државниот просветен инспекторат во наведениот факултет со цел проверка на приложените уверенија и дипломи за стекнати 240, односно 180 кредити. ДПИ постапи и достави допис во кој се констатира дека нема неправилност во работењето на универзитетот, односно приложените уверенија и дипломи се издадени во согласност со законски прописи,“ рече таа.

Ристовска потенцираше дека ДКСК нема надлежност за директна експертиза на документите.

Според пријавите, постојат сомневања за законитоста на безбедносната проверка, валидноста на дипломата за високо образование, сертификатот за англиски јазик и работното искуство на Христовски. Подносителите бараа ДКСК да ги преземе сите потребни дејствија за утврдување на одговорност за корупција и судир на интереси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство отвори предистражна постапка за назначувањето на Христовски за прв човек на АНБ

Антикорупциска оформи предмет за именувањето на Христовски за директор на АНБ

Каков имот пријавил Бојан Христовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност

Фото: Христовски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тоа што ѝ го правиме на Македонија не е фер и е штетно за имиџот на ЕУ, порача хрватскиот премиер од Блед

Редакција

Штериев бара дополнителни списи од ЈО за Јанева, Јовески смета дека некој од нејзините колешки може да ја замени

Редакција

Попис: Во Македонија најбројни православните, какви се религии се практикуваат

Редакција