еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

Малопродажните цени на нафтените деривати од вечерва на полноќ се намалуваат за 0,57%, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари за литар.

Малопродажната цена на дизелот не се менува.

Со новата одлука бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава за 76,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 78,50 денари за литар, а дизелот за 69,50 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Живко Мукаетов купи 500 акции од „Алкалоид“

Редакција

Груевски „се бара„ и на Твитер: „Крсто му ја отворил вратата на Грујо за да избега!“

Редакција

Пеце Мирчески, поранешниот прв човек на СОЗР во Владата останува во притвор

Редакција