еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Васко Ковачевски е во Србија? Мицкоски вели дека брзо ќе биде вратен во Македонија

Поранешниот директор на Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски е еден од осомничените во новиот случај на Основното јавно обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, по чии налог полицијата денеска апсеше поранешни директори и раководни лица на државните ЕСМ, РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и на ТЕЦ Неготино.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се апсат поранешни директори на ЕСМ и РЕК Битола: Осомничен и Васко Ковачевски, кој не во Македонија

Ковачевски полицијата не го најде, бидејќи од октомври не е во Македонија, а македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува за брзо време да биде обезбеден и вратен во земјата.

Според телевизијата ТВ 21 тој се откажал од македонско и зел српско државјанство и моментално е во Србија.

Недостапен е и наследникот на Ковачевски, Васко Стефанов, кој според медиумите бил во земја членка на Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен Васко Стефанов, поранешниот директор на ЕСМ, кој не беше во Македонија

Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра

Фото: ЕСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Работна група во МВР ја решава состојбата со недостаток на обрасци за пасоши

Редакција

Заев треба да сведочи за „Титаник“

Редакција

Нападнати вработени во објектот на Контрола на летање

Редакција