еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) „Ако утре ме нема, тажни да не ве гледам“, пееше Андреј, групата ДНК загуби седум членови

Меѓу 59. загинати во пожарот во т.н. дискотеката во Кочани се и седум членови на тимот на ДНК, меѓу кои и пејачот Андреј Ѓорѓиески, кој успеал да излезе од објектот, но се вратил да спасува настрадани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Андреј од ДНК загинал откако се вратил да спасува настрадани во пожарот во Кочани

Загина и професорката – придружниот вокал Сара Пројковска, музичарите Филип Стевковски, Андреј Коларов и Ѓорѓи Ѓорѓиев, тонецот Игор Велков и бит-боксерот Мартин Атанасовски – Буцо.

Пејачо Владимир Блажевски Панчо е хоспитализиран со изгореници и е вон животна опасност, а другиот придружен вокал, Ана Костадиновска е на домашно лекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И гитаристот на ДНК, Александар Коларов загина во пожарот во дискотеката во Кочани

И пратечкиот вокал на ДНК, Сара Пројковска помеѓу загинатите во пожарот

На социјалните мрежи масовно се споделува и коментира хитот на ДНК, „Ако утре ме нема“, во кој Андреј меѓудругото пее:

„Ако утре ме нема

Ако утре ме нема, не

Тажни да не ве гледам

Ново утро и добро е, добро е

(Еј) Нек се кршат чаши

(Еј) Нек се носат флаши

(Еј) Само нек се игра, нек се пие, нек се слави, је

Немој да ме жалите, труби викнете

За мене свирете„.

Бројни музичари и пејачи од земјава и регионов на социјалните мрежи со потресни пораки се збогуваат од нив.

Нека почиваат во мир!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Музичарот Филип Стевановски, член на бендот на ДНК и директорот на Центарот за култура Штип, помеѓу загинатите во пожарот во дискотеката

Тапанарот на ДНК Горги Горгиев, помеѓу загинатите во пожарот

Панчо од ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, вели за СДК.мк неговата сестра

Фото: ДНК/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одлука на Владата: Од граница директно во државен карантин

Редакција

(Галерија) ЕКСКЛУЗИВНО: Како ќе изгледа Штип Сити Мол

Редакција

(Видео) Вознемирувачки снимки од Волос во Грција по невремето „Илиас“

Редакција