еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Во пожар во хотел во Турција загинаа 76 лица, уапсен сопственикот и осум лица

Во пожар во хотелот „Гранд Картал“ во скијачкиот центар Карталкаја во северозападна Турција загинаа најмалку 76 лица, меѓу кои има и малолетници.

Има и над 50 повредени лица, од кои дел се пуштени на домашно лекување.

Како што пренесуваат турските медиуми, пожарот избувнал вчера во утринските часови во ресторанот на четвртиот спрат на 12. катниот хотел и со голема брзина се проширил кон погорните катови.

Во хотелот имало 238 гости.

За пожарот засега се уапсени девет лица, меѓу кои и сопственикот на хотелот.

Причината за пожарот, кој и денеска се гаси, моментално, не е позната.

Видео: Анадолија/X

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ставот на Вархеји за прифаќање на „бугарските грижи“ нема логика, тој треба да поднесе оставка, вели Фуере

Редакција

Антикорупциска открила дополнителни набавки на Рашковски

Редакција

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

Редакција