еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Египет со ОАЕ ќе гради „нов Дубаи„ на Медитеранот, ќе чини 35 милијарди долари

Египет на Медитеранот ќе гради целосно нов град, Рас ел-Хекма, а неговата изградба ќе чини најмалку 35 милијарди долари.

Државата склучи историски договор со Обединетите Арапаски Емирати (ОАЕ), со кој ќе биде овозможена изградбата на овој град на иднината на северозападниот брег на државата.

Египет ќе добие директно 24 милијарди долари во две рати со вкупен износ на почетната инвестција од 35 милијарди долари.

Се очекува дека инвестициите на ОАЕ во текот на реализацијата на проектот да достигнат минимално 150 милијарди долари.

Проектот ќе отвори многу нови бизнис можности, а Египет ќе добие нов туристички центар.

Истиот опфаќа станбени квартови, престижни меѓународни хотели, туристички населби, простори за забава и услужни објекти, како и централен бизнис кварт, кој ќе привлече глобални компании.

Вклучува и големо пристаниште за туристички јахти и бродови, а се очекува дека новиот град ќе привлече 8 милиони туристи во Египет.

Ќе се гради и меѓународен аеродром кој треба да се наоѓа јужно од градот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

312 од 1.688 починати од Ковид-19 биле вакцинирани

Редакција

АРМ најавува санкции за војникот што го поддржа нападот во Нов Зелан, а Лазаровска го избришала профилот

Редакција

Сигурно има уште 5.000 кои се самотестирани и 25.000 недијагностицирани, вели доктор Беќаровски за драстичниот раст на заболени со Ковид-19

Редакција