еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Видео) За Лео, Благојчо Ѓоргиев од Кочани на продажба го стави својот скутер за хендикепирани

Граѓаните продолжуваат со низа иницијативи и хуманитарни акции за да му помогнат на младиот Леонид Индов, на кој му е потребна нашата помош за да го продолжи лекувањето во Виена, Австрија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Леонид сега е најважен во државата, еве како можете да помогнете

Еден од нив е и Благојчо Ѓоргиев, кој на продажба за Лео го стави својот скутер за хендикепирани.

Тој во видео обраќање на Фејсбук скутерот го понуди за минимум 30.000 денари.

– Јас ќе се туркам во инвалидна собна количка. Фала му на Бога, можам и со рацете да се туркам, порача Ѓоргиев.

За среќа, скутерот сепак ќе може да го задржи откако за истиот бараната сума за Лео ја уплати градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДНК од лицитација на „Златната бубамара“ собра 690.000 денари за Лео

Апел за ИТНА промена на законот: Ниту една клиника во Македонија нема знаење и опрема за лекување на Леонид Индов, и затоа е во Виена

Бирократско вртење во круг: Леонид засега останува без државна помош за лекувањето во Виена

Фото/видео: Фејсбук/Ѓоргиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Со Тримерскиот ручек денеска заврши Струмичкиот карневал 2024

Редакција

Најмалку до 7 февруари на сите за влез во Грција ќе им треба ПЦР или рапид тест

Редакција

Дневниот весник „Независен“ се затвора?

Редакција