Јавниот обвинител Љупчо Коцевски ги објави првичните резултати од истрагата, откривајќи сериозни пропусти во безбедноста на т.н. дискотека „Пулс“.
Од увидот на лице место во објектот денеска, беа констатирани состојби и тоа: објектот немал хидрантска мрежа ниту хидрант, немал доволен број на ППЕ Апарати, односно само два, немал доволен број на врати, туку освен влезот само една единечна импровизирана врата на задниот дел, но истата била заклучена со катанец и без квака од внатрешната страна и затворена со гипс картон.
Немало можност за пристап на ППЕ возила. Внатрешноста на објектот бил со гипс картон, но без огноотпорни својства. Немало спуштен таван со противпожарна отпорност на најмалку 30 минути. Немало систем за кочење на вратите, ниту систем за известување за пожар.
Исто така непрописно била обложена со материјали за звучна изолација, со лесно согорливи материјали.
Противзаконски биле користени пиротехнички материјали без соодветна дозвола, и без друштво за палење на пиротехниката.
Бил присутен и државен инспекторат за градежништво и урбанизам. Објектот е регистриран како деловен објект за лесна индустција од 419 метри квадратни. Не е извершена пренамена во угостителски објект.
И покрај тоа што за објектот нема пренамена, истиот има дозовла за работа од Министерството за економија како за угостителски објект издадена уште пред 15 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Оваа е шупата, т.н. дискотека во Кочани во која ни загинаа најмалку 51 дете
Видео: МИА/фото: 360 степени