Јавноста е згрозена од нечовечкото однесување на навивачите на фудбалскиот клуб Шкендија за време на денешниот натпревар во Тетово со Брера од Струмица.
Пред почетокот од натпреварот тие наместо да ја испочитуваат предвидената минута молчење во чест на фудбалерот Андреј Лазаров и останатите жртви од трагедијата во Кочани, пееја песни за УЧК, скандираа и исвиркуваа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Остра реакција стигна од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) од каде порачаа дека за вакви нелуѓе нема место во фудбалот., а за клубот е отворена дисциплинска постапка.
-Фудбалската федерација на Македонија отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.
Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства.
ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат.
За вакви нелуѓе нема место во фудбалот.
Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата.
ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок.
Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство, велат од таму.
Фото/видео: ФФМ