еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Падна режимот на Башар ал Асад во Сирија, претседателот исчезна

По 13 години граѓанска војна во Сирија падна режимот на претседателот Башар ал Асад, кој исчезна од главниот град Дамаск, кој го зазедоа бунтовниците, предводени од Абу Мохамед ал Џавлани, лидер на исламистичката милитантна група Хајат Тахрир ал Шам (ХТС), која ОН, САД, Турција и други земји, ја сметаат за терористичка организација.

Граѓаните на Сирија, но и милионите бегалции од земјата низ светот го прославуваат падот на режимот на фамилијата Асад, која владешее со земјата повеќе од пет децении.

Нема официјална информација каде е Башар ал Асад, а руското Министерство за надворешни работи информираше дека тој ја напуштил функцијата и земјата откако наредил мирно предавање на власта.

Бунтовниците го приведоа сирискиот премиер Мохамед Гази ал Џалали, кој претходно изјави дека е подготвен за предавање на власта. Тој е однесен во хотел во Дамаск.

Видео/фото: Х/Al Jazeera English

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ги убедија ли Меркел, Курц и Столтенберг граѓаните да излезат на референдум

Редакција

Штрајк на матичните лекари поради новина во „Мој термин“, за која никој не ги известил

Редакција

Гранит лани со намалени приходи

Редакција