Додека ски-центарот Попова Шапка како и секоја година има проблеми уште на стартот на скијачката сезона, еминетниот британски весник Тајмс ја стави Попова Шапка на листа на десет восхитувачки туристички дестинации во светот.
Попова Шапка меѓудругото заврши на листата на Тајмс и поради ски авантурите кои ги нуди компанијата Шар аутдорс.
Станува збор за група домашни авантуристи, кои израснале на македонските планини.
Тие нудат посета на недопрени делови на планината со ратрак, по што гостите можат да скијаат низ длабок снег, планинарење и возење со електрични велосипеди или истражување на планината вон зимската сезона… пишува Тајмс.
Моментално во склоп на скијачкиот центар се уште не работат ски-лифтовите, како и дел од хотелите.
На листата освен Попова Шапка се и лагуни во Исланд, францускиот гастрономски замок Белет, луксузни одморалишта во Дубаи…
Видео: Shar Outdoor