еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Видео) Јапонски ученици од Токио ни испратија поздрав на македонски јазик

Јапонската амбасада во Македонија на Фејсбук објави симпатично видео во кое јапонски ученици од Токио, ни испраќаат поздрав на македонски јазик.

Станува збор за ученици во средното училиште Таканава, кои го изучуваа македонскиот јазик изминативе две години.

Освен тоа, како што наведуваат од Амбасадата, тие ја презентираат и македонската кујна, природното наследство на земјата и обичаите на училишните фестивали.

Иницијатор и инспирација за нивните активности е нивниот професорот Томоки Аојама.

Фото/видео: Јапонска амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велики Петок: Денот кога се слават страшните страдања на Господ

Редакција

ЗСФ-КОМ и Современ дом ја зголемија сопственоста во Скопски пазар

Редакција

Браво: Наставничката од битолско Трново руинираната училница ја претвори во бајка

Редакција