еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ, Влен и ЗНАМ поднесоа интерпелација за разрешување на членовите на Судскиот совет

Пратеничките групи на владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ, Влен и ЗНАМ денеска поднесоа интерпелација за работата на пет членови на Судскиот совет, кои се избрани од Собранието, информираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

-ЕУ и јавноста во земјава постојано укажуваат на недостатоци на работата на Судскиот совет. Овие забелешки се значајни за реформите. Решавањето на овие предизвици е неопходно. Судскиот совет е клучна институција за правната држава и затоа секоја сенка во работата треба темелно да биде анализирана.

Наша цел е дадеме придонес и да овозможиме подобар, поефикасен и независен правосуден систем. Сакаме да упатиме порака дека време е да се воведе ред во руинираниот судски систем. Македонија мора конечно да добие независен и ефикасен правосуден систем, рече тој и побара подршка за истата од пратениците на опозициските партии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерот очекува членовите на Судски совет сами да се повлечат, откако ќе им се изгласа интерпелација

Вчера премиерот Христијан Мицкоски изрази надеж дека доколку пратениците изгласаат недоверба на членовите на Советот, дека тие ќе бидат доблесни и сами ќе се повлечат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил пратеникот Антонио Милошоски

Редакција

Двајца од новопочинатите од коронавирусот биле со претходни заболувања

Редакција

Каков имот пријавил Александар Николоски, новиот министер за транспорт и вицепремиер

Редакција