еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Бугарија не постои свест за правата на малцинствата: Нова критика на Советот на Европа

Во Бугарија не постои свест за правата на малцинствата, а Македонците се обесхрабруваат да се самоидентификуваат како такви, стои во нов извештај на Соведотавниот комитет на Советот на Европа.

-Како и во претходните циклуси, лицата кои се идентификуваат како Македонци ја повторија својата долгогодишна желба да бидат заштитени според Рамковната конвенција, но бидејќи властите не го прифаќаат постоењето на објективни критериуми за нив, овие лица не можат да уживаат пристап до индивидуалните малцински права.

Нивните долгорочни обиди да регистрираат здруженија кои ја промовираат македонската заедница не беа успешни. И лицата кои се идентификуваат како Помаци изразија желба да имаат корист од заштитата според Рамковната конвенција.

Според властите, нема неопходни објективни критериуми и за Помаците, кои и понатаму се нарекуваат бугарски муслимани, спротивно на нивното самоидентификување, стои во извештајот.

Советодавниот комитет смета дека е клучно да се следи прагматичен пристап кон лицата кои се самоидентификуваат како Македонци и Помаци.

-Особено е важно Рамковната конвенција да се применува член по член кон лицата кои припаѓаат на тие заедници во области како што се недискриминација, еднаков пристап до правата и промовирање на меѓусебно почитување и разбирање, особено во образованието, културата и медиумите, стои во истиот.

Граѓаните на Бугарија кои се самоидентификуваат како Македонци, продолжиле да бараат заштита според Рамковната конвенција, пријавиле до Советодавниот комитет дека некои постапки на властите ги сфатиле како активно обесхрабрување да се самоидентификуваат како етнички Македонци.

-Пријавени се и напади за време на јавни настани, како и пречки во организирање протести и различни настани.

Соговорниците на Советодавниот комитет напоменаа дека во бугарското општество нема свест за значењето на малцинските права и дека нема разбирање националните малцинства да бидат составен и ценет дел од Бугарија, се вели во извештајот.

Се напоменува и дека Европскиот суд за човекови права во 12 случаи против Бугарија утврдил непочитување на правото на слобода на собирање и здружување, поднесени од здруженијата на Македонците, кои властите упорно одбиваат да ги регистрираат.

Советодавниот комитет ги повикува властите во Бугарија да го промовираат и учењето на јазиците на малцинствата.

Во истиот на источниот сосед му се препорачува да ги усогласи активностите според Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства.

Во документот се нотира и дека Бугарија имала поактивна улога во промовирањето на правата на лицата кои им припаѓаат на бугарските малцинства во странство, но не направила ништо за малцинствата кои ги има во земјата.

Според последниот попис во Бугарија, во 2021 година, 1.143 лица се изјасниле како Македонци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Македонците во Бугарија во извештајот на Стејт департментот за човековите права

Македонците од Бугарија ја тужат Европската комисија за да ја принуди Бугарија да им ги признае правата

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дождливо време до петок и пад на температурите

Редакција

Груевски се огласи за највисокиот рејтинг во анкетата на ИРИ

Редакција

(ВО ЖИВО) Ќе почне ли процедурата за промена на Уставот: Седница за уставни измени

Редакција