Во сообраќајка која се случила на 23. мај загинаа 47-годишниот полковник Стефан Ивановски и 32-годишната Ана Нешковска, вработена во Министерството за одбрана.
Несреќата се случила на крстосницата на Булеварот „8 септември“ и Булеварот “Никола Карев“ во близина на карсната “Илинден“, откако моторциклот на кој биле двајцата излетал од коловозот и удрил во бетонски столб, информираа од полицијата.
И двајцата починале на лице место.
Ивановски е и поранешен припадник и командант на ЕСН Волци.
Нивни колеги, меѓу кои и поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, се простуваат на социјалните мрежи.
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.