еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Голем дефект на водоводна цевка поплави објекти и остави без вода поголем дел од центарот на Скопје

Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација” Скопје информираат дека поради поголем дефект на водоводна цевка (од Ф-600 мм) на ул.„Кеј Димитар Влахов“ 15 до Младински културен центар (МКЦ) во населба „Центар“ во Скопје, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Крњево, Керамидница, кај Т.Ц „Ист Гејт“, покрај бул.„Александар Македонски“ до бензинска пумпа „Лук Оил“, Пожарна, а со намален притисок ке бидат населбите „Маџари“ и „Хиподром“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

„По утринското примање на повикот за итниот случај на 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) за пукањето на водоводната цевка на улица „Кеј Димитар Влахов“ и дека има поплава од пукната водоводна цевка, веднаш беа остварени телефонски контакти со ЈП „Водовод и канализација“, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Полициската станица Центар – Беко.

Излеаната вода од големата водоводна цевка предизвикала локална поплава, при што имало поплавено голем број објекти во близина на настанот, а како последици од тоа и лица кое не можеле да излезат од своите домови,“ велат од ЦУК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев очекува меѓувладина конференција до крајот на годината: „Се работи за точки коишто се решливи“

Редакција

(Фото) Мотор и автомобил се судриja на Партизанска, има повредени

Редакција

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба, која почнува од денеска

Редакција