еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Граѓаните во странство со пасоши со старото име, ќе можат да се вратат со патни листови

Граѓаните кои што во странство, а се со пасоши со старото име на државата, по 12. февруари ќе можат да се вратат со патен лист кој треба да го извадат во дипломатско-конзуларните претставништва, информираше денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој додаде дека Конзулатите ќе работат во смени, за да не се создаваат гужви. Најголем наплив за барања на патни листови има во Германија.

„Таму има и две нови мобилни станици за издавање патни исправи. Најголем е напливот во Бон, каде се издадени над 6.000 патни листови. Потоа во Берн, Берлин, Минхен, Венеција, Рим и Љубљана,“ рече Османи.

Во државите каде што нема дипломатско-конзуларните претставништва, се работи на е-конзулат и патните листови ќе бидат праќани по пошта.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелација ја укина времената забрана за продажба на книгата на Стојан Андов

Редакција

Расте бројот на должници кон УЈП

Редакција

Министерката Петровска бара Кривичен да ја преиспита одлуката за неодредување притвор за напаѓачите во М-НАВ

Редакција