Вчера во Воено медицинската академија во Белград, Србија, каде што се лекуваше, почина 24-годишниот Стојанче Стефанов од Кочани, со што бројот на загинати во пожарот во т.н. дискотека во Кочани се зголеми на 62.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина 24-годишниот Стојанче Стефанов од Кочани: Бројот на загинати во трагедијата се зголеми на 62
Тој имал сериозни повреди на дишните патишта и бил на механичка вентилација.
Во пожарот беа повредени 203 лица, од кои како што информираше заменик министерот за здравство, Андријан Карталов, двајца, кои се лекуваат во странство се во критична, но стабилна состојба.
На дел од повредените ќе им треба и до две години за да заздрават.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На дел од повредените во пожарот во Кочани ќе им требаат и до две години да заздрават
На повреден во пожарот во Кочани му е извршена трансплантација на лице
На шест повредени во пожарот во Кочани им е трансплантирана кожа
Фото: МЗ