еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Демири контра Антикорупциска: Директорите на кллиниките се разрешени поради пропусти во нивната работа

Министерот за здравство Илир Демири во однос на ставот на Државната комисија за спречување корупција за разрешувањата на медицинските директори на Клиниката за државна кардиохирургија и на Клиниката за токсикологија вели дека тие биле разрешени поради пропусти во нивната работа.

„Поранешниот медицински директор на Клиниката за кардиохорургија е разрешен од позицијата медицински директор поради прекршување на законските нормативни, во Македонија оперирале лекари од Србија кои немале соодветна лиценца и ред други прекршоци. Сите податоци со кои располагаме ги пријавивме во Јавното обвинителство за да го истражи овој случај.

Претходниот медицински директор од Клиниката за токсикологија и еден од лекарите беа разрешени поради несовесно работење во целиот изминат период. Клиниката имала согласности за продолжување на договорите за работа на 18 лица, но не постапил. Неколку месеци овие лица оделе на работа, а не земале плата за својот труд.

Ангажираните трпеле закани и омаловажувања на национална основа за што истите доставија писмо со изјави за секојдневните навредувања од страна на директорот и од лекарот. И за овој случај чекаме Јавното обвинителство да постапи.

Би сакал да ја информирам Државната комисија за спречување корупција дека обврска на министер е безбедноста на пациентите и безбедноста на сите вработени во јавното здравство“, вели Демири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот Демири незаконски ги разрешил директорите на Токсикологија и Кардиохирургија, велат од Антикорупциска

Фото: Демири/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Модната компанија Магнетик приреди „модна фузија”: Настан кој го разбуди градот

Редакција

(Видео) Хибридна операција како минимално инвазивен современ третман на торакоабдоминална аневризма

Редакција

Buffy – путер за туширање од Lush: За мека, мазна, затегната и хидрирана кожа со здрав сјај

Редакција