еМагазин
Забава ТОП СТОРИИ

Десетчасовна забава за една деценија на трап сцената во Македонија

На 23. март, сабота, во Лабораториум (Скопје) се случува настанот TDFU Presents: 10 Years For The Culture.

Настанот е организиран од пионерите на трап сцената во Македонија – Trap Da Fuck Up (TDFU) и е посветен на сите љубители на оваа музика, кои во последните десет години беа дел од растот и развојот на оваа култура.

„Ги покануваме фановите на модерниот хип-хоп звук да ни се придружат на забавата и заедно да прославиме една деценија трап настани во Македонија.

Подгответе се за 10 часовен настан за 10 години постоење на TDFU, исполнет со настапи од македонски DJ-и. „TDFU Presents: 10 Years For The Culture“ не е само прослава на музиката, туку и платформа за споделување на креативноста и зајакнувањето на заедницата која го поддржа овој жанр низ годините.

Влезот на настанот е бесплатен, но секој присутен се охрабрува да остави донација од симболични 10 денари за поддршка на 10-те години работа на овој колектив.

Почетокот е закажан за 15 ч, а настанот трае до 01 ч,“ велат организаторите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Стефче ако гарантира со имот може пола Шутка да ја извади на слобода„: Твитер реакции за апсењето на Јакимовски

Редакција

Синдикалната минимална кошница за јануари, речиси 1.000 евра

Редакција

(Фото) Една година стратешко партнерство на „Алкалоид“ и СОС Детско село

Редакција