Од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопштија детали за вчерашна акција со која се опфатени увозници на мазут, со сомнително потекло и квалитет, при која беа приведени и бизнисмените Ратко Капушевски, генерален директор на фирмата “РКМ“ и Асмир Јаоски, сопственикот на „Пуцко Петрол“, а со истата е опфатен и поранешниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, кој е во бегство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Васко Ковачевски е опфатен во истрагата во која беа приведени Капушевски и Јаоски
Приведени бизнисменот Ратко Капушевски и сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јаоски
Од таму велат дека во кординирана акција на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), се извршени претреси на повеќе локации на подрачјето на Скопје, Битола и Кичево, кај правни и физички лица, а во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати.
-Во рамки на акцијата лишени од слобода се 11 лица, едно лице е недостапно за органите на прогонот и едно е со мерка притвор.
До сега, од извршените претреси пронајдени и одземени се документација, пет мобилни телефонски апарати, околу 1.500 парчиња муниција од различен калибар, два пиштоли и три патнички моторни возила.
Од страна на МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесена е кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ против 13 физички и едно правно лице и тоа: В.К. (55) од Битола, А.М. (44) од Скопје, Н.С. (61) од Општина Маврово и Ростуше, Е.П. (52) од Скопје, М.Н. (60) од Скопје, Б.М. (51) од Скопје, Р.Р. (48) од општина Желино, Д.С.Ј. (43) од Куманово, Д.С. (66) од Скопје, Д.С. (43) од Велес, Р.К. (38) од Скопје, Е.С. (43) од Кичево и А.Ј. (40) од с.Пласница и правно лице од Скопје, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои други лица освен Капушевски, Јаоски и Ковачевски се опфатени со истрагата за отровниот мазут
Фото: МВР