еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Договор со „Ѓока констракшн“ за стопанисување со паркингот на Клинички не е потпишан, вели Таравари

Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска изјави дека договорот со компанијата „Ѓока констракшн“ од Албанија, која била единствената што ја јавила на тендерот во ноември лани за преку јавно-приватно партнерство да стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар “Мајка Тереза“, не бил потпишан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Компанијата “Ѓока констракшн“ од Албанија ќе стопанисува со паркингот на Клинички центар?

Истиот како што кажа ќе бил потпишан, доколку по првичната помината процедура помине уште неколку филтри.

Тој вели дека бил подготвен и да го поништи тендерот, доколку на јавноста не и се допаѓа понудата и има укажувања од Владата за пропусти, но со тоа ќе се изгубела една година.

Кажа и дека понудената цена за паркирање е 50 денари за час, што според него, била пристојна, и дека рокот за стопанисување со паркингот не бил 20 години, како што е предвидено со физибилити студијата.

-Имајќи во предвид како се движат цените за паркинг мислам дека понудената цена не е лоша. Најдобро е да биде нула денари, но ако најдете таков понудувач што ќе обезбеди плус 600 денари и нема да наплаќа ништо би било идеално, рече тој..

Во тендерот имало услов за понудувачот да го користи паркингот додека на таа локација е Клиничкиот центар и тоа нема да било повеќе од седум до 10 години.

Рокот за изградба на мотажните катни гаражи доколку биде потпишан договорот, како што рече, најверојатно ќе бил шест месеци до една година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промени во Надзорниот одбор на Еуростандард банка неколку месеци пред затворањето

Редакција

20-годишно момче од Облешево почина во сообраќајка на локалниот пат кон селото Бања

Редакција

Апелациониот суд и ја намали казната на Гордана Јанкуловска за набавката на луксузниот мерцедес

Редакција