еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

23-годишно момче загина, седуммина повредени во тешка сообраќајка на патот Македонски Брод-Кичево

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 09.08.2024 година во 23,12 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево се случила сообраќајне несреќа помеѓу патничко возило марка „БМВ“ со странски регистарски ознаки, управувано од М.К.(23) од Кичево со патничко возило „ауди“ управувано од Ѓ.И.(40) од Кичево, како и со четири паркирани возила: „БМВ“, „ауди“, „фолксваген шаран“ и „Опел“.

Во незгодата починал М.К., а смртта е констатирана во Градска болница Кичево, додека со тешки телесни повреди се здобил вториот возач на „аудит-то“ Ѓ.И., како и уште четири сопатници во двете возила, „мерцедес“ и „ауди“, а две лица (сопатници), се здобиле со телесни повреди, сите констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„После ова во Белград Захариева на апарати“: Твитер реакции за вакцинацијата на Македонци во Србија

Редакција

Обвинителство повлече две, од трите обвиненија против Цветан Панделевски за “Империја“

Редакција

Пет и пол години казна затвор за возачот кој лани на штипскиот булевар прегази средношколец

Редакција