еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ЕУ не дава гаранции дека и по уставните измени нема да има нови пречки за Македонија

Еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР), кое го пренесе државната агенција МИА, која е дел од редакцијата, вели дека и да ги направи уставните измени Македонија, на земјава никој не може да ѝ гарантира дека потоа нема да се соочи со нови пречки на патот за членство во Европската Унија (ЕУ).

Таа вели дека е разбирливо што земјава бара гаранции, но не може да ги има.

„Разбираме дека ова не е лесно прашање. Промена на Устав. Сфаќаме и тоа е многу човечки и разбирливо што вашата земја сака да има гаранции по се она што го помина. Гаранции не може да има, но она што го очекувам од сите земји членки кога има билатерални прашања, е разговорите да се водат со добра волја и со визија да се дојде до компромис“, вели таа.

Додава дека тоа не значело дека Европската комисија (ЕК) не работела да ѝ помогне на Македонија да ги започне преговорите по кластери.

Потенцира и дека лично била ангажирана околу билатералното прашање со Бугарија и оти денеска заминува во Софија на средби со бугарски политичари. По ова, како што најавува ќе следат контакти и со политичарите во земјава.

Според нејзе најдобро би било билатералните прашања да не се мешаат во процесот на пристапување во Унијата, но тоа, како што додава, не значи дека билатералните прашања не се важни.

„Знаете, можам да разберам дека Унгарија се бори за своето малцинство (во Украина). Можам да разберам дека и Бугарија го прави истото, но лошо е кога ова навистина се меша со процесот на пристапување“, вели таа.

Таа се надева дека наскоро ќе се најде решение за деблокада на пристапниот процес на Македонија и дека откако ќе се случи тоа ќе може без никакви нови услови да започнат преговорите по кластери.

„Затоа ние порачуваме, ве молиме направете ги реформите и бидете подготвени да го отвориме првиот кластер“, вели Кос и посочува дека целосно ја разбира фрустрацијата на луѓето во земјава во однос на евроинтеграциите.

„Знаете, кога се распадна Југославија, Македонија, во тоа време, беше втора најразвиена република во поранешна Југославија. За споредба, да речеме ако Украина треба да чека да ги започне преговорите колку што чека вашата земја, нив ќе можеме да ги почнеме во 2045 година“, додава таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија потсети дека уставните измени не се единствениот услов за старт на преговорите со ЕУ

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вечерва ТВ дуел Заев-Мицкоски

Редакција

Анкета на Телма: Пендаровски ја зголемува предноста пред Силјановска

Редакција

Мицкоски со подршка на територијалниот интегритет на Украина: Важно ми е какви се резервите со кои Македонија располага во услови на криза која надоаѓа

Редакција