еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жител на Шипковица удрил во количка со 15-месечно бебе на пешачки и избегал, подоцна е уапсен

Жител на Шипковица завчера удрил во количка со 15-месечно бебе на пешачки и избегал, а подоцна е уапсен, информираа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Детето е повредено, а несреќата се случила на улицата „ЈНА“ во Тетово.

Се работи за 67-годишниот А.М., кој управувал со возило „пасат“, а детето во количка поминувало на пешачки со неговите родители Е.Х. и Ф.Х. од Тетово.

Повредите на детето биле констатирани во Клиничка болница Тетово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Бугарија од тинејџер убиен 49-годишен македонски државјанин

Редакција

Иран призна дека ненамерно го соборил украинскиот авион во кој загинаа 176 лица

Редакција

Убава вест: 644 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција