Целосно е уништен приватниот автомобил на јавната обвинителка Маријана Илиоска од Прилеп, откако бил полеан со бензин и бил запален.
Таа пред извесно време беше во фокусот на јавноста поради заканите кон нејзе и нејзината ќерка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителка од Прилеп и нејзината ќерка биле мета на закани и демнење, притворено едно лице
Информацијата ја потврдија од Јавното обвинителство, а инцидентот се случил завчера.
-Во Прилеп намерно е опожарен приватниот автомобил на основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство Прилеп, Марјана Илиеска.
Веднаш по настанот извршен е увид на лице место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело.
Според првичните сознанија, за сега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле, предизвикувајќи материјална штета, информираа од таму и го осудија инцидентот.
Лицето кои и се закануваше е во затвор.