Заради пропуштање на „свадбарите“ на претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши на македонската граница со Косово без проверка, сменет е началникот на Рeгионалниот центар за гранични работи Север, Наим Рамука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Освен за „свадбарите„ во образложението за неговата смена како причина се наведува и пропустот на полицајците за бегството на Косоварот Блерим Рамадани, поранешен член на Ослободителната војска на Косово (ОВК), кој Србија го бара за воени злосторства.
На негово место е назначена Маја Темелкова Сотирова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дисциплинска постапка за шест полицајци за пропустот со свадбената поворка со Гаши на Блаце
Гаши потврди дека „свадбарите“ ја поминале границата со Косово без проверка
Гаши и семејството воопшто не биле проверени и евидентирани на границата со Косово, откри Тошковски