еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„И да пукате тешка артилерија, промената започна и нема да запре,“ вели Таравари за пронајдениот куршум во неговиот двор

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари се огласи во врска со пронајдениот куршум во дворот на неговата куќа, за кој што вели дека има „јасна заканувачка порака“.

„Жал ми е за моето семејство, а особено за мајка ми која особено лошо ја доживеа оваа ситуација. Жал ми е за оние политичари кои покажуваат дека, нивниот аргумент за премолчување на нечиј глас се куршуми, куршуми кои ме потсеќаат на Италија од 1992 година каде мафијата го уби познатиот судија Џовани Фалконе.

За тоа ми е жал, но тука завршува моето жалење и почнува мојата радост, затоа што разбирам дека тие што ја држеа оваа земја во заложништво, се во очај од пораз“, пишува Таравари на неговиот Фејсбук-профил.

Тој додава дека промената, со него или без, веќе е започната.

„Кој и да го испукал тој куршум, му велам „и да пукате тешка артилерија, промената започна и нема да запре“. Можете да ме убиете, а тоа би била голема загуба за моето семејство и жал ми е што и моите деца го читаат ова. Но, ти би убил само еден човек, што ќе правиш со илјадниците, стотици и милиони луѓе кои веќе се кренати на нозе? Не можеш да молчиш, да убиеш, да запреш народ,“ додава Таравари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР со детали за пронајдениот куршум во дворот на Таравари

(Фото) Пронајден куршум во дворот на Таравари

Фото: Фејсбук/Таравари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Родителите можат да поднесат електронско барање за упис на новороденче

Редакција

Миле Јанакиески во притвор во Шутка, а полицијата го барала дома: Ново одложување за „Насилството во Општина Центар“

Редакција

Аеродромите во Скопје и Охрид со 2,4 милиони патници во првите девет месеци

Редакција