еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Игор Стефановски Иџе се закити со титулата победник во Европскиот шампионат на ридски патеки во група 1

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе со победа ја заокружи својата тркачка сезона за оваа година. Тој викендов во Хрватска ја возеше последната трка од шампионатот кој започна на 28.04.2024 година во Австрија.

На оваа трка заврши трет, а во генералниот пласман на Европскиот шампионат на ридски патеки, во група 1 го освои првото место, по извозени 10 трки низ цела Европа, и тоа низ Австрија, Португалија, Шпанија, Италија, Германија…

Оваа година Иџе се тркаше со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки. Стефановски е победник во Европскиот шампионат на ридски патеки, во група 1.

„Благодарност до сите кои беа со мене низ овој пат. Благодарност до мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, до моите спонзори, до сите Вас кои ни давате безрезервна поддршка. Овој успех, не е само мој, туку на цела Македонија„, изјави Стефановски.

Фото: Фејсбук/Стефановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Во живо) Голем број македонски граѓани Велигден ќе го дочекаат во Грција, покажуваат колоните возила на Богородица

Редакција

Македонија нема да учествува на Евровизија 2023, МРТ ќе штеди пари за струја

Редакција

Силна профитабилност на ОКТА поттикната од остварувањата на извозниот пазар кои ги надминаа очекувањата, и покрај падот на меѓународните цени

Редакција