еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Инвестиција од 100 милиони евра: Турската Шахтерм почна да гради фабрика во ТИРЗ Скопје

Денеска во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје турската компанија Шахтерм ја стартуваше изградбата на својата фабрика.

Објектот ќе се протега на 13.000 метри квадратни, планирани се 1.000 вработувања, а инвестицијата е 100 милиони евра.

Инвестиција опфаќа и центар за истражување и развој, а ќе биде прв производствен капацитет на Шахтерм надвор од Турција.

Компанијата Шахтерм има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство, а во моментот е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција.

Компанијата работи со познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како: „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Канди“.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Исчезна велешки планинар на ридот Гроот, се молат планинари да се вклучат во потрагата

Редакција

Никој нема да одговара за утката за промоција на Македонија со фотографија од Германија

Редакција

Првични неофицијални податоци на ДИК: Во вториот круг избрани градоначалници во 43 општини и Град Скопје

Редакција