еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Владо Мисајловски, новиот министер за одбрана

Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ е новиот министер за одбрана.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал пратеник во претходниот собраниски состав. Сега ќе треба да достави нов.

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле новите членови на Владата, за кои се достапни податоци, односно и досега извршувале некаква државна функција, па имале законска обврска да го пријават истиот.

Тие што не извршувале досега функција, податоци за имотот до Антикорупциската комисија ќе треба да достават во рок од 30 дена.

Каков имот пријавил

На свое име пријавил две парцели градежно изградено земјиште во Скопје, од наследство.

Вози Ауди А4.

Неговата сопруга вози Мерцедес Б класа.

На свое име и на име на сопругата пријавил и два кредити, од кои едниот, според податоците кои ги дал треба да е вратен лани, а другиот од 900 илјади денари треба да го врати следната година.

На име на брат му ја пријавил фирмата Креатива 5 ДООЕЛ, а на име на родителите Кендо три ДООЕЛ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Златко Перински, новиот министер за локална самоуправа

Каков имот пријавил Арбен Таравари, новиот министер за здравство

Каков имот пријавил Тимчо Муцунски, новиот министер за надворешни работи и надворешна трговија

Фото: Мисајловски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Изет Меџити, кандидат за министер за екологија и вицепремиер

Редакција

Одложен стартот на судењето за Жан Митрев, ангажирал нови адвокати

Редакција

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 62.818 денари убедливо на врвот

Редакција