Бесмира Ејупи, поранешната телевизиска презентерка која поради притисокот на јавноста не беше пратена во македонскиот Конзулат во Њујорк, САД, сега ќе биде „испомош“ во Конзулатот во Бон, Германија, откако министерот за надворешни работи во заминување, Бујар Османи, донел таква одлука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Презентерката Бесмира Ејупи на „испомош“ во Козулатот во Германија
Таа оди во Бон, оти имало зголемен обем на работа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И по бурата од реакции во јавноста, таа сепак доби вработување во Министерството за надворешни работи, а медиумите објавија и дека добивала хонорари од четири општини и Државното правобранителство, а од мај 2021 година до август 2022 година од Владата била поставена и во Надзорниот одбор (НО) на Јавното претпријатие „Железници – транспорт“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесмира Ејупи добивала хонорар и од Железници
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциска комисија кога влегла во НО на ЈП „Железници – транспорт“, со задоцнување, за што платила и парична казна.
Каков имот пријавила
На свое име нема пријавено ништо, а на име на родителите пријавила земјоделско земјиште и куќа во Дебар и двете од наследство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И сестрата на „несудената конзулка“ Ејупи, земала хонорари од Државно правобранителство
„Несудената конзулка“ наплатила скоро 12 илјади евра од 5 институции
“За Бесмира Македонија е Швајцарија“: Несудената конзулка хит на Твитер
Фото: Алсат М