еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

„Оземпик“ да се користи единствено по препорака на лекар за третман на тип 2 дијабетес, а не за слабеење

Лекот „оземпик“ да се користи исклучително по препорака на лекар за третман на дијабетес тип 2, а лицата со дијабетес тип 2 кои го користат по препорака на лекар, да не ја прекинуваат терапијата со овој лек и да ги консултираат докторите кои го препорачале, се наведува во денешното соопштение на проф. д-р Татјана Миленковиќ, претседател на Научното здружение на ендокринолозите и дијабетолозите на Македонија и научниот соработник д-р Ирфан Ахмети, претседател на Националната комисија за дијабетес.

Во соопштението се споменува текстот за лица кои земаат лек за дијабетичари за да слабеат, ризикувајќи си го здравјето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земаат лек за дијабет за да слабеат, ризикувајќи си го здравјето и оставајќи ги дијабетичари без лек

– Како стручно здружение го поздравуваме апелот да не се користи лекот без консултација со лекар, како и информирањето на јавноста дека лекот е наменет за третман на дијабетес тип 2, како надополнување на исхраната и вежбањето, пишува во соопштението.

Оттаму потсетуваат дека лекот е одобрен за употреба од МАЛМЕД, како и од страна на регулаторните агенции во светот, вклучително Европската агенција, Aмериканската агенција.

– Лекот во нашата земја се употребува веќе три години кај лица со дијабетес тип 2 и првенствено се пропишува кај оние кои имаат дополнителни кардиоваскуларни настани и зголемена телесна тежина. Овој лек – „оземпик“ не е наменет за третман на прекумерна телесна тежина кај лица кои немаат дијабетес, се нагласува во соопштението.

Во него се додава дека стручната јавност и регулаторните агенции будно ги следат несаканите ефекти од лековите и во случај истите да претставуваат ризик по здравјето и животот на луѓето, соодветно се реагира и се препорачуваат мерки на претпазливост или при сериозен ризик лекот се повлекува од употреба.

-Такво предупредување или најава за повлекување на лекот од употреба, како што се нагласува, за „оземпик“ не постои, се вели во соопштението.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Родители внимавајте: Четворица основци од Битола сечеле вени инспирирани од интернет игрите „Момо“ и „Синиот кит“

Редакција

Македонската армија ќе купува дронови

Редакција

Героски: Се чувствувам небезбеден, жал ми е што Заев влезе во ваков филм

Редакција