еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кој ќе биде нов гувернер на Народна банка, се шпекулира со четири имиња

На 21. мај треба да се гласа за нов гувернер на Народната банка, но официјално засега нема име предложено од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, предлог кој потоа треба да се гласа во македонското Собрание.

За избор на нов гувернер е потребен глас на 61 пратеник.

Во меѓувреме се шпекулира за четири имиња за оваа позиција.

Една од нив е актуелната гувернерка Анита Бежоска Ангеловска, која има право на нов мандат.

Се шпекулира и со имињата на поранешните министри за финансии, Зоран Ставрески, кој извесно време не врши државна функција, како и Трајко Славески, кој е актуелен претседател на Советот на Град Скопје.

Се спомнува и Маја Кадиевска Војновиќ, актуелна членка на Надзорниот одбор (НО) на Клириншки интербанкарски систем (КИБС), која е и член на НО на Стопанска банка АД Битола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Современ дом“ ја зголеми добивката

Редакција

(Фото) Јанкулоска објави фотографија со Јанакиески на која се прегрнати

Редакција

Скопски Аеродром „ита„ накај 600 активни случаи со Ковид-19, има повеќе од Штип, Тетово, Струмица…

Редакција