еМагазин
Image default
Локално

Кривична за лицата кои пукаа кон двајца арачиновци

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека во врска со кривично правниот настан случен на 29.08.2024 година околу 21 часот во с.Арачиново, скопско, каде што со огнено оружје е пукано кон А.И. (25) и В.Б. (29) од с.Арачиново, при што со прострелни рани се здобил А.И. и бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти извршени се претреси на повеќе локации во с.Арачиново, при што од слобода е лишен Е.А. (22) од с.Арачиново.

Од страна на ЕНК-ОКСД поднесена е кривична пријава против Е.Б. (29), В.А. (27) и Е.А. (22), сите од с. Арачиново за кривично дело обид за убиство по член 123 во врска со член 19 од КЗ и кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ.

Од страна на судија на претходна постапка на лицето Е.А. определена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гостиварец го натепал таткото на сопругата

Редакција

Немало политичко влијание за разрешувањето на Мазнева, тврди Арсовска

Редакција

Дојранчани се плашат од „наплив“ на викендаши за продолжениот викенд

Редакција